Ревакцинирани вкупно 700.000 граѓани во земјава

од Nikola Popovski

Досега, вкупно 700.000 граѓани во нашата земја примиле две дози на вакцина против Ковид-19, со што дале придонес и покажале грижа за сопственото, но и колективното здравје, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, од вакцинираните граѓани, не е регистриран ниту еден случај со сериозни последици или компликации по имунизацијата.

-Вакцините се безбедни и ефикасни и само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход, потенцира министерот.

Слични содржини