Ријана ја објави првата фотографија од трудничкиот стомак и собра речиси 10 милиони лајкови (ФОТО)

од Vladimir Zorba

ОТКАКО и официјално беше потврдено дека е бремена, Ријана на својот Инстаграм профил ја објави првата фотографија од трудничкиот стомак, која за само неколку часа им се допадна на речиси 10 милиони корисници.

„Како бандата стигна до месецот на црната историја“, напиша таа во описот.

Пејачката минатиот викенд ги потврди гласините дека го очекува своето прво дете со раперот A$AP Rocky, кога го покажа голиот труднички стомак додека излегуваше во Харлем.

Гласините за бременоста на Ријана почнаа да кружат уште во ноември минатата година, но таа тогаш тоа го демантираше.

Двојката е во врска од 2020 година.

Слични содржини