Ријана повторно се прошета со гол труднички стомак (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ријана присуствуваше на ревијата на „Луј Витон“ со раперот ASAP Rocky – нејзиниот партнер, за време на модната недела во Париз.

35-годишната пејачка, која го очекува своето второ дете, на настанот дојде во тексас комбинезон со раскопчан стомак кој го истакна нејзиниот голем труднички стомак.

Ријана првично објави дека е бремена и дека го очекува своето второ дете во февруари оваа година, кога настапи на шоуто на полувремето на Супер Боул.

Пејачката дојде со својот партнер кој носеше слична облека.

Пејачката веќе доби син со раперот во мај 2022 година.

Слични содржини