Ринго Стар го пушта новиот албум во септември

од Vladimir Zorba

Ринго Стар го планира својот нов албум, само неколку месеци по излегувањето на “Разгледници од Небото”. Поранешниот член на “Битлси” ќе го објави 19-тиот албум, насловен “Give More Love”, во септември.

Во меѓувреме долгогодишнио продуцент Брус Шугар најави дека тимот почнал да работи на новиот албум речиси веднаш по издавањето на претходниот. “Ринго сака ред. Тој го планира својот живот за годините што доаѓаат “, вели Брус.

“Многу сме среќни што работиме на нов проект”, додаде тој. Продуцентот ја пофали за новиот албум и дури тврди дека во него ќе бидат едни од најдобрите песни на Ринго.

Говорејќи на списанието “Билборд”, тој рече: “Мислам дека ова е најдобрата музика која сум ја направил со Ринго. Тоа е најдобриот музички албум, кој сме го направиле. Ќе видиме што ќе се случи понатаму”.

“Give More Love” ќе излезе на 15 септември.

Слични содржини