Ристова Астеруд: Амбицијата на мала земја со малку кадар да се позиционира повисоко на Шангајска листа е промашена амбиција

„Нам ни треба модерно опремување за наука претежно на македонски јазик и со фокус на употребна вредност на науката за потребите и приоритетите на македонското општество“, вели професорката

од Nikola Popovski
75 прегледи Каролина Ристова-Астеруд - Фото: Фејсбук

„Нам ни треба модерно опремување за наука претежно на македонски јазик и со фокус на употребна вредност на науката за потребите и приоритетите на македонското општество. Исто за образованието, одете видете ни ги амфитеатрите и кабинетите како се „опремени“ итн… Амбицијата на толку мала земја и со толку малку кадар да се позиционира на некаква си Шангајска листа повисоко е промашена амбиција, најблаго кажано. Чуму ќе ни е и од што корист за данокоплаќачите?“, вели професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Каролина Ристова-Астеруд за најавените Предлог-закони за високо образование кои се во владина процедура.

Според неа, вака не се поставени работите за критериуми за избор во академски звања ниту во земји со стотици милиони население, па и со милиони во професори и друг научен кадар, на високо опремени универзитети и со огромни милијарди долари или евра средства на располагање.

Критики за Законот за високо образование: „Критериумите за избор во звања е извештачена амбиција, а и промашена од аспект на приоритетите на македонското образование“