Коалицијата ВЛЕН соопшти дека предложените реформи во високото образование се донесени преку директен дијалог со академската заедница, отфрлајќи ги практиките на политичка ароганција и наметнати решенија.
„Токму затоа, ВЛЕН го избра патот на консултациите. Ја сослушавме академската заедница и албанските универзитети. Оттука, денес можеме да кажеме дека најголемиот дел од нивните сугестии се преточени во финалниот текст на законот.
Ова има големо значење бидејќи ја истакнува разликата помеѓу оние кои со години наметнуваа наводни решенија „од горе“, без да слушнат никого, и ВЛЕН, кој слуша, коригира и презема одговорност, токму како што му доликува на едно демократско општество.“, се вели во соопштението на ВЛЕН.
Како најзначајни точки во новиот закон, оттаму ги издвојуваат евалуацијата на кадарот, работната сигурност и професионалниот развој
„По измените од 2018 година, кои се покажаа како нефункционални, сега се прават потребните корекции за високото образование да биде поквалитетно и поблиску до потребите на студентите и пазарот на труд.
За ВЛЕН, студентот е во центарот, универзитетот е основата на развојот, додека образованието на албански јазик останува национален приоритет.“, се додава во соопштението на владиниот коалициски партнер