Ристова: Убедувањата на Бугарија се засновани исклучиво на нивни толкувања на историјата

Во рамки на своето гостување, Малинка Ристова во „Само вистина“ ги искоментира позициите на земјите членки на ЕУ во однос на нашата земја и евроинтеграциите. Исто така, посочи дека Бугарија наметнува барања исклучиво засновани на нивните убедувања.

„Холандија е добар партнер на нашата земја во рамки на евроинтеграцијата. Франција пак, нема иницијатива во нашиот случај. Бугарија е очигледно дека нема да попушти, бидејќи имаат билатерални барања. Видливо е дека нивните барања се засноваат исклучиво на нивните толкувања на историја“, вели Ристова.

Слични содржини