Ристовски бил финансики мотивиран за да направи штета во опозицијата, тврди Мицкоски

од Берта Китинска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со поранешниот потпретседател на Интегра Воислав Зафировски, на која соопштија дека раководните структури на Интегра преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние и пред изборите имавме повик за окрупнување на опозицискиот фронт, но за жал дел од оние политички партии кои се надвор од Парламентот, а кои се декларираа како опозициони, еден е таков и лидерот на Интегра, имаме информации и докази дека биле финансиски мотивирани од други политички партии за да функционираат така како што функционираат. Луѓето кои се денеска тука со мене, дел од тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви кај определени самопрогласени опозициони лидери на политички партии, со една цел да направат штета во опозицијата и да отцепат дел од гласовите, што морам да признаам на долг рок е штетно за граѓаните, а на краток рок нив можеби им донесе среде кампања и ново возило патничко кое чини 30-40 илјади евра“,рече Мицкоски.

Слични содржини