РКЕ ќе пресече, БЕГ бара тројно поскапо парно

од Берта Китинска

Од 1 јануари околу 56.000 корисници на централното парно греење во Скопје би можеле да добијат енормно зголемени сметки, бидејќи БЕГ доставил барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) цената на градското парно да се зголеми за 300 отсто.

Од Балкан енерџи груп го бранат ваквото поскапување со огромното зголемување на цените на природниот гас на светските берзи во изминатиов период.

„Драстично поскапување на парното греење нема да ги реши работите, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика“, Марко Бислимовски во гостувањето во емисијата „Економски Магазин“.

Како што вели тој, во таков случај голем број корисници би се исклучиле од системот.

“Драстично зголемување на цената на парното не е решение. Во тој случај, со право, голем дел од скопјани би се исклучиле од парно и би се приклучиле на системот за електрична енергија. Тогаш би имале сериозни проблеми бидејќи дистрибутивната мрежа во деловите на Скопје, каде што има парно, не е подготвена да прими енормно зголемена потрошувачка, а ќе се влоши и состојбата во однос на набавката на електрична енергија“, рече Бислимовски.

Слични содржини