„RMC“: Икарди и се заканува на Ванда дека ќе го раскине договорот со ПСЖ доколку не му се врати

од Nikola Popovski

Неодамна, француските медиуми објавија дека бракот на Ванда Нара и Мауро Икарди наскоро може да заврши, а веста силно одекна во светот на спортот.

Ванда е сопруга и менаџер на фудбалерот на ПСЖ, најпозната по тоа што го напушти фудбалерот Макси Лопез токму за Икарди. Вчера јавноста беше изненадена од објавата на Инстаграм во која таа го обвини Икарди за измама.

Таа напиша: „Уште едно семејство што го уништи поради ку*ва“.

Ванда престана да го следи Икарди на социјалните мрежи и ги избриша сите споделени фотографии. Веднаш по тој потег, ПСЖ официјално објави дека му дозволиле на Икарди да го пропушти вчерашниот тренинг поради „семејни причини“.

Неколку дена потоа, Ванда и Икарди се препукуваа еден со друг на социјалните мрежи, а сега „Радио Монте Карло“ (RMC) известува дека Икарди и се заканувал на својата сопруга.

Оттаму тврдат дека Икарди се заканил дека ќе го раскине договорот со ПСЖ доколку таа побара развод од него. Икарди има договор до летото 2023 година, според кој заработува 12 милиони евра по сезона, а доколку побара раскин на договорот, Ванда ќе треба да му плати на ПСЖ одредена сума на отштета.

Слични содржини