Ројтерс: Русија и Украина преговарале за размена на затвореници

од Stefanija Kuzmanovska

Претставници на Русија и Украина се состанаа минатата недела во Обединетите Арапски Емирати за да разговараат за можна размена на затвореници поврзана со континуираниот извоз на руски амонијак во Африка и Азија преку украинскиот гасовод, изјавија за „Ројтерс“ три извори запознаени со состанокот.

Изворите наведоа дека разговорите биле посредувани од заливската земја и дека Обединетите нации не биле вклучени, и покрај фактот што ОН одиграле централна улога, заедно со Турција, во потпишувањето на Договорот за извоз на жито и вештачки ѓубрива од Украина и Русија.

Руските и украинските делегации отпатуваа во Абу Даби на 17 ноември, каде што разговараа за продолжување на извозот на руски амонијак, а за возврат за ослободување на голем број украински затвореници, како и руски, додаваат изворите.

Слични содржини