Роби Вилијамс позитивен на коронавирус: „Роби е многу болен“

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачот Роби Вилијамс е позитивен на коронавирус и е во карантин на Карибите со своето семејство. Тие отпатуваа на новогодишниот одмор на крајот на декември, а пејачот се чувствувал лошо по пристигнувањето на Карибите.

„Роби е многу болен“, изјавил извор за „Сан“.

Тој престојува во вила каде што е сместен со семејството и не може да оди на плажа.

46-годишниот пејач претходно веруваше дека има коронавирус кога се изолираше од семејството во Лос Анџелес.

„Бев многу исплашен неколку дена“, рече тогаш Роби.

Слични содржини