Родилката на починатото бебе во Битолската болница 12 дена ја чека отпусната листа

од Nikola Popovski

Викторија Крстеска, која го изгуби бебето веднаш по породувањето во битолската болница, на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој кажува дека 12 дена ја чека отпусната листа. Таа се сомнева дека ова е поради „приватни обврски“ на вработените во болницата и се сомнева дека и „обдукцијата ќе биде наместена“.

-Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, објави меѓу другото Крстеска.

Пред 12 дена, родилката ја раскажа нејзината страна на приказната и порача дека имала здрава бременост, но тешко породување.

Вели дека во објавите досега се изначитала безброј лаги и различни приказни, но во салата вели била само таа и персоналот.

Бебето, пишува Крстеска, ниту починало во стомакот, ниту било извадено со вакуум „иако се колнат дека било така“.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити тогаш информира дека бебето било родено живо, но имало тахикардија, по што и белодробно срцево оживување.

Слични содржини