Родни од „Сплетки“ ја демантираше веста која го обиколи светот

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на серијата „Сплетки“, Николас Линдерст, ќе продолжи да глуми и нема да се пензионира, потврди неговиот претставник за лондонските медиуми, откако низ светот се проширија гласини дека легендарниот „Родни“ заминува во пензија по трагичната смрт на неговиот син. .

Деветнаесетгодишниот син на Николас, Арчи, почина од тумор на мозокот во септември 2020 година, а оттогаш актерот го избегнуваше центарот на вниманието, но неговиот претставник за британскиот Метро рече дека веста за неговото повлекување од сцената е „луда. “.

„Потполна глупост е тоа дека Николас Линдерст се пензионирал или оди во пензија. Секако дека тој и неговата сопруга се уништени од ненадејната загуба на нивниот млад син, но господинот Линдерст ќе ја продолжи својата кариера во сите улоги и сценарија кои ќе го привлечат “, изјави неговиот портпарол..

Конфузијата ја внесе неговиот пријател Лоренс Маркс, кој претходно за „Daily Star Sunday“ изјави дека „се сомнева дека јавноста повторно ќе го види во улога“.

„Николас доживеа трагедија, која сигурно му го скршила срцето. Тоа би ги скршило сите. Тој секогаш ја чуваше својата приватност, а сега ќе го прави тоа повеќе од кога било. Сега, кога го загуби синот, повеќе нема да излегува. Јас се сомневам дека ќе го видиме како глуми“, рече тој.

Сепак, претставникот рече дека 60-годишниот актер добивал понуди.

Покрај „Only Fools and Horses“, Николас играше и во сериите „Goodnight Sweetheart“, „After You’ve Gone“ и „Butterflies“.

Слични содржини