Ројтерс: На Берлускони му е дијагностицирана леукемија

од Stefanija Kuzmanovska

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му е дијагностицирана леукемија, изјавил денеска добро информиран извор за „Ројтерс“.

Берлускони од средата се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, откако имаше проблеми со дишењето.

Милијардерот и медиумски тајкун, кој четири пати беше премиер на Италија, во неколку наврати беше во лоша здравствена состојба во последните години и само што беше пуштен од болница минатата недела, за повторно да биде хоспитализиран по неколку дена.

Слични содржини