Роналдо ја слави титулата и на Инстаграм откри каде ќе игра следната сезона

од Aleksandar Petrovski

Случајно или не, Кристијано Роналдо преку Инстаграм откри дека ќе го носи дресот на Јувентус и следната сезона, со кој досега има освоено две титули во италијанската Серија А!

За Роналдо се споменуваше дека веќе е виден во Њукасл со новите шеици, сè додека тие не се откажаа од купувањето. Потоа и дека тој ќе се врати во Реал или ќе замине во ПСЖ, но последната изјава на Инстаграм јасно стави до знаење дека тој ќе остане црно-бел.

– Среќен сум што ги освоив последните две од деветте последователни титули на Јувентус. Се чинеше лесно, но не беше. Од година во година, со талент, посветеност и напорна работа, можете да ги постигнете своите цели и да бидете подобри од порано. Одиме на моето трето Скудето – рече Португалецот.

Роналдо ја заврши сезоната со 31 погодок, но тој не е најдобриот стрелец во Серија А, со оглед дека Чиро Имобиле од Лацио ја освои Златната копачка.

Слични содржини