Роналдо: Не ми е гајле што ќе кажат за мене, ќе им ја затворам устата

од Nikola Popovski

Кристијано Роналдо, фудбалер на Манчестер Јунајтед, вели дека се уште не завршил со освојувањето на трофеи.

На Манчестер не му оди баш најдобро, на менаџерот Оле Гунар Солскјер му се „тресе клупата“, а Роналдо вели дека е потребно промените да „легнат“ во тимот.

„Јунајтед ме донесе мене, Варан и Санчо. Потребно е време да се прилагодиме, дури и за системот што го играме. Мислам дека чекор по чекор треба да се импресионираме дека се е можно“, изјави Роналдо за Скај Спорт.

Тој напоменува дека секој мора да знае каква работа треба да работи, за целата приказна да биде поуспешна од моменталното шесто место во Премиер лигата.

„Го знам моето во овој тим, во клубот, мое е да постигнувам голови, да му помагам на тимот со искуство и да знам да ја разбирам играта. Ако сите размислуваат така и се подготвени да се жртвуваат за тоа, мислам дека ќе бидеме подобри“, додаде Роналдо.

Критиките не изостануваат на сметка на Португалецот, иако на последните осум натпревари постигна шест гола и со 36 години се уште е на врвно ниво.

„Критиката е секогаш дел од оваа работа и не ми е грижа. Да бидам искрен, тоа е добра работа. Ако се грижат за мене и зборуваат за мене, тоа е затоа што го знаат мојот потенцијал и вредност. Знам кога треба да му помогнам на тимот во одбраната. Знам дека и тоа е дел од мојата работа. Некои луѓе не го гледаат тоа затоа што не им се допаѓам, но да бидам искрен, имам 36 години, го освоив сето тоа и треба да се грижам за луѓето кои зборуваат лоши работи за мене? Добро спијам ноќе, совеста мирна. Ќе продолжам да им ја затворам устата на луѓето и да освојувам трофеи“, изјави Роналдо.

 

Слични содржини