Роналдо постави нов европски рекорд во луд натпревар

од Nikola Popovski

Португалскиот фудбалер и член на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, постави рекорд по бројот на настапи во европските натпреварувања.

Роналдо го одигра 187-от натпревар во Европа во дуелот на „црвените ѓаволи“ против Аталанта (3: 2) во Лигата на шампионите, а рекордот го прослави со решавачки погодок на крајот од натпреварот.

Во досегашните 187 европски настапи, Роналдо има рекорд од 139 голови и 50 асистенции.

Поранешниот голман на Реал и Порта, Икер Касиљас остана на второто место на сите времиња со 186 меча, додека трет е уште еден голман, Пепе Реина со 178 меча.

Слични содржини