Роналдо постави уште еден рекорд

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо е најголемата гол машина што некогаш фудбалскиот свет ја видел.

Сјајниот голгетер против Германија изедначи на уште еден рекорд – тој го постигна 19-от гол на големите натпреварувања, со кој го стигна Мирослав Клосе, на списокот на најефикасни европски фудбалери на шампионатите на Стариот континент и на СП.

Тоа беше негов 12-ти погодок на Европските шампионати, тој има седум на Мундијалите.

Тој постигна вкупно 107 голови во дресот на Португалија, само два помалку од светскиот рекордер Али Даи, поранешен напаѓач на Иран.

Првпат и даде гол против Германија, на петтиот натпревар …

На првиот натпревар, Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на еврото, стана првиот играч кој играл на пет европски првенства, бил стрелец на сите турнири на кои учествувал (2004, 2008, 2012, 2016, 2021). ..

Слични содржини