Роналдо прогласен за Најдобар играч, се запиша во историјата на Јунајтед

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во септември во конкуренција на играчи кои играат во англиското фудбалско првенство.

Во месецот во кој одигра кам-бек натпревар за Манчестер Јунајтед откако го напушти клубот со трансфер во Реал Мадрид во 2009 година, Роналдо играше на натпревари против Њукасл (два гола), Вест Хем (гол) и Астон Вила.

Жоао Кансело (Манчестер Сити), Антонио Рудигер (Челси), Алан Сен-Максимин (Њукасл), Исмаил Сар (Ватфорд) и Мохамед Салах (Ливерпул) исто така беа во конкуренција за избор на играчи на месецот.

Ова е петти пат во кариерата на Роналдо да биде прогласен за играч на месецот во Премиер лигата. Тој се изедначи со Вејн Руни, кој досега беше единствениот играч на Манчестер Јунајтед што го освоил пет пати.

Слични содржини