„Роналдо, ти го чувам грбот“: Евра ги насмеа сите и ги „среди“ овците што го мачат Кристијано (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во текот на денот се појави веста дека Кристијано Роналдо морал да се пресели од својата вила во Манчестер, а како причина биле наведени неговите „соседи“, односно овците што се на копното до него и кои не му дозволуваат да спие. Не помина долго пред Патрис Евра, неговиот поранешен соиграч, да излезе и да најде „решение“ за овој проблем.

Патрис Евра стана познат по своите „луди“ објави на социјалните мрежи во кои носи радост за сите следбеници, тој обично е единствениот актер во тие видеа, каде што зборува за тоа колку ја сака „таа игра“ (мислејќи на фудбалот) или како танцува.

Сега одлучи да му помогне на својот пријател Кристијано Роналдо.

Евра објави видео каде може да се види во чамец со неколку овци, а не се знае каде ги нашол, ниту каде оди со нив.

Роналдо сигурно сега ќе биде многу посреќен бидејќи знае дека има вакви пријатели.

Слични содржини