Рудигер: Барса ме сакаше, јас не сакав ни да преговарам

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид го претстави Антонио Рудигер како свое ново засилување.

Веќе неколку недели е познато дека германскиот репрезентативец постигнал договор со „кралевите“, но се чекаше официјалното претставување по деталните лекарски прегледи кои успешно ги помина утрово.

Стоперот пристигна во Мадрид како слободен играч без обештетување бидејќи му истече договорот со Челси.

Рудигер потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид.

На претставувањето пред новинарите, фудбалерот откри дека го контактирале и најголемиот ривал на Реал Мадрид, но дека не сака да започне преговори со нив.

„Имав понуда од Барселона, но веднаш му кажав на мојот агент – или Мадрид или ништо. Не сакав ни да преговарам со нив“, изјави Рудигер.

Кариерата ја започна во Штутгарт каде играше до 2015. Следуваа две сезони со Рома, а најдобрите партии ги имаше во Челси каде дојде во 2017 година. Забележа 133 натпревари и постигна девет гола.

Со Челси ја освои Лигата на шампионите, Лига Европа, Суперкупот на УЕФА, ФА Купот и Светското клупско првенство.

Слични содржини