Румениге за Хамес: 42 милиони евра се многу пари

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге призна дека Хамес Родригез можеби нема да остане трајно во клубот. Како што е познато, репрезентативецот на Колумбија игра на заем од Реал Мадрид до крајот на следната сезона.

„Идејата за неговото привлекување беше на Карло Анчелоти и таа се покажа како многу добра. Хамес заигра многу подобро, особено под раководство на Јуп Хајнкес“, истакна Румениге пред клупската телевизија на германскиот хегемон.

„Родригез стана многу важен играч за нас. Технички е доста силен, има прекрасен шут и шутира одлично од директни слободни удари како оној во Леверкузен. Ние имаме корист од неговиот стил на игра, бидејќи тој еволуираше во плејмејкер“.

„Тој е под наем во Баерн за две години и потоа имаме опцијат да го купиме за 42 милиони евра, ако не грешам. Да, тоа се многу пари, иако сме виделе луди броеви на пазарот. Ќе почекаме и ќе видиме што ќе се случи. Одлуката нема да се донесе оваа година, бидејќи има доволно време за завршување на закупот“, рече Румениге.

Слични содржини