Русија помилува повеќе од 5.000 криминалци кои војувале за Вагнер

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 5.000 криминалци се помилувани откако ги отслужиле договорите со руската платеничка група „Вагнер“ која се бори против Украина, изјави денеска основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Групата „Вагнер“, првично составена од борбени ветерани на руските вооружени сили, презеде многу позначајна улога во војната во Украина, откако руската војска претрпе серија понижувачки порази минатата година, пишува „Ројтерс“.

Пригожин излезе од сенка и регрутира илјадници мажи од затвор, нудејќи им шанса за слобода во замена за служење во некои од најопасните битки во Украина.

„Во моментов, повеќе од 5.000 луѓе се ослободени со амнестија по завршувањето на нивните договори со Вагнер“, рече Пригожин, близок соработник на претседателот Владимир Путин, во аудио снимка објавена на апликацијата Телеграм.

Слични содржини