Русија и Белорусија во договори против западните санкции

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со белорускиот претседател Александар Лукашенко за поддршка на белоруската економија, и за санкциите наметнати на таа земја од западните земји, како и за планот за нивно неутрализирање, изјави рускиот портпарол Дмитриј Песков.

„Всушност, прашањето за поддршка на Белорусија против санкциите беше на дневен ред“, рече Песков, додавајќи дека им биле дадени упатства на владите, пренесува Тасс.

Портпаролката на претседателот на Белорусија, Наталија Еизмонт, потврди дека претседателите на Руската Федерација и Белорусија прават заеднички план за неутрализирање на западните санкции.

Слични содржини