Русија: Маж ја убил сопругата на улица, децата врескале во автомобилот

од Vladimir Zorba

Маж во Русија го запрел семејниот автомобил среде улица, извадил нож и ја прободел сопругата среде улица, пред децата кои седеле на задното седиште и врескале.

Русинот Александар Алексеев (31) го изврши бруталниот чин кога со семејството бил на стоматолог.

„Оксана Алексеева (30) избегала од возилото, но тој ја следел, ја фатил и ја убил“, соопшти полицијата, повикувајќи се на сведоци.

Алексеев беше уапсен и обвинет за убиство.

За време на сослушувањето, Александар рекол дека инцидентот се случил кога ја обвинил сопругата дека неколку години го изневерувала со друг маж. Убиството се случи кога брачната двојка ги возела нивните две ќерки, кои имаат четири и две години, на забар во градот Сатка, а тие патуваа од нивното село Новобелокатаи.

Минувачи во селото се стрчале на местото на настанот, слушајќи ги децата како плачеле во автомобилот.

„Двете ќерки беа сведоци на грозоморното убиство“, рекоа сведоците.

Слични содржини