Русија одобри нов антивирусен лек за лекување на заразени од Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Русија одобри нов антивирусен лек „Коронавир“ за третман на пациенти со „Ковид-19“, објави руската фармацевтска компанија Р-Фарм, додека бројот на заразени лица во таа земја надмина 700.000.

Во соопштението на Р-Фарма, која го развила Коронавир, се вели дека станува збор за клиничко испитување, кое вклучувало благи до умерени случаи.

„Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот САРС-КоВ-2, туку против самиот вирус“, наведува Р-Фарм.

Клиничката студија покажала подобрување кај 55 проценти од пациентите кои не биле примени во болници на седмиот ден од третманот со Коронавир, во споредба со 20 проценти од оние кои примале стандардна терапија, пренесува „Јутарњи лист“.

До петтиот ден од третманот, новиот коронавирус беше елиминиран кај 77,5 проценти од пациентите кои земале Коронавир, тврди Р-Фарм.

„Глобалната клиничка пракса и клиничката студија што ја спроведовме потврдија дека Коронавир ја запре вирусната инфекција многу побрзо“, рече Михаил Самсонов, медицински директор на Р-Фарма.

Тестирањето започна на крајот на мај, а повеќе од 110 пациенти биле третирани со тој лек, изјави директорката за клинички испитувања на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија, Татјана Ријаженцова.

Ова е трет лек регистриран во Русија за третман на новиот коронавирус. Првиот, Авифавир, им се дава на пациенти од 11 јуни.

Слични содржини