Рускa ФСБ: Компанијата „Епл“ во служба на американската разузнавачка служба

од Stefanija Kuzmanovska

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија открила операција на американската разузнавачка служба која била спроведена преку вирусна програма на мобилните уреди на компанијата „Епл“, објавено е на веб-страницата на ФСБ.

„Во обезбедувањето на безбедноста на руската телекомуникациска инфраструктура, идентификувани се аномалии кои се карактеристични само за корисниците на мобилни телефони на Епл и се предизвикани од работењето на претходно непознат злонамерен софтвер кој користи софтверски ранливости обезбедени од производителот“, соопшти руската безбедност, пренесува РИА Новости.

Според соопштението на ФСБ, илјадници телефони на „Епл“ биле заразени, вклучително и оние уреди кои биле регистрирани во странските амбасади во Русија, вклучително и земјите членки на НАТО и Кина.

Слични содржини