Руска новинарка побегна од домашен притвор: „Одбивам да ги почитувам наредбите“

од Stefanija Kuzmanovska

Руската ТВ-новинарка Марина Овсјаникова, обвинета за ширење лажни вести по организирањето на серија самостојни протести против војната во Украина, денеска изјави дека побегнала од домашен притвор.

„Се сметам себеси за целосно невина и бидејќи нашата земја одбива да ги почитува сопствените закони, одбивам да ги почитувам наредбите за ограничување што ми беа наметнати на 30 септември 2022 година и се ослободувам од нив“, рече таа.

Нејзиниот адвокат рече дека таа требало да се појави на рочиштето утрово, но дека истражителите не успеале да утврдат каде се наоѓа.

Слични содржини