Сопругот на убиената новинарка во Сараево имал забрана за приближување и вознемирување

Прусац ја убил својата поранешна сопруга Годињак со истрели од службен пиштол од агенцијата за обезбедување каде работел, објави Истрага.ба

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Босанската новинарка Елма Годињак, која вчера беше убиена од нејзиниот сопруг Тарик Прусац во населбата Добриња во Сараево претходно побарала мерки за заштита и нему му била изречена мерка за забрана за прибличување. Како што објавија босанските медиуми, вчера по 16 часот сараевската полиција добила повик дека е пукано од огнено оружје, а кога пристигнале ја пронашле жената мртва.

Прусац ја убил својата поранешна сопруга Годињак со истрели од службен пиштол од агенцијата за обезбедување каде работел, објави Истрага.ба.
На 7 април годинава Полициската управа на Нови Град Сараево изрекла заштитни мерки против Прусац, кои останаа во сила сè додека Општинскиот суд во Сараево на 8 април, не изрече забрана за приближување.

Сега починатата новинарка уште во февруари годинава пријавила во полицијата во Добриња дека добила заканувачки и навредливи пораки од својот сопруг откако му кажала дека сака развод.

Истиот ден, Елма Годињак била испратена во Полициската управа на Нови Град Сараево, но потоа одбила да сведочи против Тарик.

Таа одбила да свеочи против својот сопруг, но полицијата, во согласност со Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените во Федерацијата на Босна и Херцеговина спровела проценка и проценка на ризикот за децата, а на 22 февруари, на Тарик Прусац му беше изречена итна мерка за лична заштита.

Полицијата побарала изрекување заштитни мерки против насилното лице Прусац и го информирала Центарот за социјална работа. Сепак, Општинскиот суд во Сараево ја прекина постапката за изрекување заштитни мерки, нагласувајќи дека „нема услови за изрекување заштитни мерки пропишани со Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, бидејќи Годињак одбила да сведочи.

На 7 април годинава Годињак ја известила полицијата дека четири дена претходно нејзиниот сопруг Прусац доаѓал кај неа на работа, потоа ја пресретнал со неговиот автомобил со изговор дека дошол да го види детето. Исто така се пожалила дека ја следел, по што полицијата издала итни заштитни мерки, а Општинскиот суд во Сараево донел длука за забрана за приближување кон жртвата на насилство и забрана за комуникација, вознемирување и следење.

Мерките за заштита на жртвата биле на сила на денот на убиството.