Руски агент се обидел да се инфилтрира во Хашкиот суд?

од Nikola Popovski

Холандската разузнавачка служба во четвртокот објави дека открила руски таен агент кој се обидува да употреби лажен идентитет за да се инфилтрира во Меѓународниот кривичен суд (ICC), кој ги истражува обвиненијата за воените злосторства во Украина. Сергеј Владимирович Черкасов смислил сложена приказна која се протега неколку години, а се со цел да се обиде да влезе во Холандија како бразилски државјанин со цел да биде на пракса во Меѓународниот кривичен суд во Хаг во април.

„Ова беше долгорочна операција на GRU на која тој потроши многу време, енергија и пари“, рече шефот на холандската разузнавачка агенција Ерик Акербум, користејќи ја кратенката за руско воено разузнавање.

„Тоа јасно покажува на што се подготвени Русите – тие се обидуваат да добијат нелегален пристап до информации во рамките на ICC. Ова го класифицираме како највисока закана“, додаде Акербум, потенцирајќи дека ICC го примиле на пракса.

Слични содржини