Руски дронови го нападнаа регионот на Киев, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица загинаа, а седум други се ранети во ноќните напади на руски беспилотни летала врз регионот на Киев, соопштија денеска украинските власти.

Регионалната воена управа на Киев на својот канал на Телеграм објави дека е оштетен „цивилен објект“ и дека спасувачите сè уште работат на местото на настанот, пренесе „Ројтерс“.

Украинската армија соопшти дека соборила 16 од 21 ирански дронови „Шахид“ кои Русија ги лансирала во Украина во текот на ноќта.

Слични содржини