Руски опозиционер осуден на осум и пол години затвор поради критикување на армијата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во Москва денеска го осуди опозиционерот Илја Јашин на осум и пол години затвор поради критикување на воената офанзива против Украина, јавува агенцијата „Франс прес“.

Опозиционерот беше прогласен за виновен за „ширење лажни информации“ за армијата и за осуда на „убиства на цивили“ во украинскиот град Бучи, во близина на Киев, каде Русија е обвинета за злосторства, кои таа го негираше.

Триесет и девет годишниот Јашин со насмевка ја прими денешната пресуда.

Неговото апсење не го спречи да продолжи да ги критикува властите и да ја осудува воената интервенција во Украина.

По почетокот на воената операција во Украина, руските власти го зајакнаа својот правен арсенал за да ги ограничат критичките гласови. Воведено е ново кривично дело – ширење лажни информации за руската армија.

Неколку лица веќе се осудени на неколку години затвор според новиот закон, откако беа прогласени за виновни за објавување „лажни информации“ или „дискредитација“ на армијата.

Слични содржини