Руски воен хеликоптер на неколку минути навлезе на територијата на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Естонија, членка на НАТО, извести дека минатата сабота руски воен хеликоптер полетал во нејзиниот воздушен простор на неколку минути, што укажува на тоа дека Русија продолжува да му се заканува на НАТО и да плука по соседните земји.

Естонското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека руски хеликоптер Ми-8 без дозвола во саботата навлегол во регионот Коидула без дозвола, додавајќи дека тоа е само еден во серијата неодамнешни руски воздушни напади на нејзина територија, пишува Business Insider.

Кусти Салм, висок претставник на Министерството, рече дека Русија „симулира ракетни напади врз Естонија“ и додаде дека заканата за земјата била на највисоко ниво досега, објави „Скај њуз“.

Упадот на хеликоптерот во естонскиот воздушен простор се случи само неколку дена пред големиот самит на НАТО во Мадрид, закажан за 29-ти јуни.

Земјите членки на НАТО ќе разговараат за тоа како да ја зајакнат Алијансата во светло на руската агресија против Украина.

Слични содржини