Рускиот суд ја одби жалбата на Гершковиќ, новинарот останува во притвор

од Stefanija Kuzmanovska

Московскиот градски суд денеска ја отфрли жалбата на американскиот новинар Еван Гершкович и одлучи тој да остане во притвор до 29 мај.

Новинарот на „Волстрит журнал“ поднесе жалба против одредениот притвор под обвинение дека се занимавал со шпионажа во Русија.

Гершкович (31) е првиот американски дописник од крајот на Студената војна кој е приведен во Русија поради наводна шпионажа, пренесува АП.

Слични содржини