Руските сили ја презедоа контролата над селото Веселоје во областа Доњецк

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили ја презедоа контролата над селото Веселоје во областа Доњецк, соопшти денеска министерството за одбрана на земјата.

„На пат кон (градот) Доњецк, како резултат на успешните активни акции на единиците на Јужната група, беше ослободено селото Веселоје во Доњецката Народна Република“, се наведува во соопштението на министерството, пренесува РИА Новости.

Покрај тоа, руската авијација, артилерија и тешки ракетни системи го нападнаа персоналот и опремата на три механизирани бригади на вооружените сили на Украина во областа Клешеевка и Андреевка.

Слични содржини