Руските војници кои се борат во Украина ќе бидат ослободени од данок на доход

од Vladimir Zorba

Руските власти најавија дека војниците и државните службеници распоредени во Украина ќе бидат ослободени од данок на доход.

Тоа е уште еден во низата обиди да се добие поддршка за, како што ја нарекуваат во Русија, „специјалната воена операција“.

АФП пренесува дека новата мерка се однесува на сите кои се борат на четирите украински територии кои Русија ги прогласи за свои, иако не ги контролира целосно, а тоа се Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје.

Слични содржини