Руското МО: Британски извидувачки авион го наруши нашиот воздушен простор

од Stefanija Kuzmanovska

Британски извидувачки авион го нарушил рускиот воздушен простор, соопшти руското министерство за одбрана.

Дежурните сили на руските сили за противвоздушна одбрана открија непозната воздушна цел над Баренцовото Море која се движела кон државната граница, пренесува „Танјуг“.

За да се спречи нарушувањето на државната граница, од силите за воздушна одбрана е подигнат ловец МиГ-31бм, кој ја идентификувал целта како РЦ-135 електронски извидувачки авион на британското воено воздухопловство.

Воздушната цел ја нарушила државната граница на Русија во областа на Кејп Свети Нос, соопшти руското министерство за одбрана.

Се посочува дека рускиот авион го избркал РЦ-135 од рускиот воздушен простор.

Слични содржини