САД: Обвинителството контактирало со адвокатите на Трамп за негово предавање

од Stefanija Kuzmanovska

Обвинителството на Менхетен ги контактирало адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за да постигнат договор за негово предавање, откако беше обвинет за кривичното дело тајна исплата, изјави портпаролот на обвинителството.

Трамп, помалку од два часа откако беше обвинет, во четвртокот ги повика приврзаниците да помогнат во неговата правна одбрана, пренесува „Ројтерс“.

„Ве молам да дадете придонес – навистина било каков износ – за да го одбраниме нашето движење против бескрајниот лов на вештерки и да ја освоиме Белата куќа во 2024 година“, се вели во е-пошта испратена од групата за собирање средства на Трамп.

Слични содржини