Саџид Џавид: Вакцините можеби нема да бидат ефикасни против новата мутација на коронавирусот

од Milan1

Министерот за здравство на Обединетото Кралство, Саџид Џавид, изјави дека вакцините против Ковид 19 би можеле да бидат помалку ефикасни против новоидентификуваната варијанта на корона вирусот.
Според британскиот министер, тоа укажува дека може да биде позаразен и дека сегашните вакцини со кои располагаме би можеле да бидат неефикасни.

Научниците предупредија дека нов вид на коронавирус кој има „исклучително голем број“ мутации може да предизвика нов бран, заобиколувајќи ги одбрамбените механизми на телото.

Потврдени се само 10 случаи на оваа варијанта на вирусот во три земји, но овој вид предизвика сериозна загриженост кај некои истражувачи, бидејќи бројните мутации можат да му овозможат на вирусот да го заобиколи имунитетот, пренесува „Гардијан“.

Варијантата Б.1.1.529 има 32 мутации во протеинот спајк, дел од вирусот што повеќето вакцини го користат за да го подготват имунолошкиот систем за борба против Ковид.

Оваа варијанта за прв пат беше забележана во Боцвана, каде што беше потврдена во три случаи, а уште шест беа потврдени во Јужноафриканската Република и еден случај во Хонг Конг, кај патник кој се враќал од Јужна Африка, пишува британскиот весник.

Слични содржини