Сакате куче, но не знаете како да изберете идеална раса? Прочитајте ги овие неколку совети

од Stefanija Kuzmanovska

Размислувавте за сè и решивте да земете куче, но не можете да одлучите која раса би ви одговарала? Овој „водич“ за купување куче ќе ви помогне, пишува „Пинк Вила“.

1. Прво, добро истражувајте за сите раси кои ве интересираат – проучете го нивното однесување, темперамент, колку брзо учат, дали се активни или не … Ова е најдобриот начин да дознаете дали одредена раса се вклопува во вашиот животен стил.

2. Постојат некои раси на кучиња кои сега се во тренд и затоа се поскапи. Одредете го буџетот што сте подготвени да го дадете за вашето ново милениче и соодветно на тоа изберете раса.

3. Друга работа за која треба да размислите е вашиот дом. Колку одредена раса се вклопува во него во однос на нејзината големина и начин на живот? Постојат многу видови кучиња на кои им треба двор, така што ќе се чувствуваат непријатно во стан.

4. Размислете за вашиот карактер и личност – дали сте полни со енергија и не ве држи место или претпочитате да поминувате време дома и на тивки места во природата? Не земајте куче што е сосема спротивно од вас, бидејќи грижата за тоа ќе стане напорна. Можеби не е лоша идеја да преиспитате дали сте подготвени за таква одговорност.

5. Ако имате деца, тогаш изберете куче што ги сака, кое е игриво, пријателски настроено, паметно и мирно, за да има трпеливост за радостите на децата.

6. Се чувствувате како да немате толку многу време да се грижите за кутрињата и да ги научите сè? Најдобрата опција за вас е да вдомите малку постаро куче – покрај тоа што тоа ќе внесе радост во вашиот живот, вие него ќе го спасите.

Слични содржини