„Сакав да придонесам“: Ева Лонгорија откри што работела во средношколските денови

од Stefanija Kuzmanovska

Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија за време на средношколските денови работела во ресторани за брза храна за да заработи пари.

Иако имала за основните потреби, сакала да приреди забава за својот 15-ти роденден, а бидејќи нејзината мајка не можела да си го дозволи тоа, Ева самата се погрижила за забавата.

„Отидов таму, се вработив, а потоа сама ја платив журката““, изјави таа еднаш за Redbook, додавајќи:

„Немаше лоша крв. Со свои очи видов колку мајка ми работи и што прави за сестра ми (со посебни потреби), па сакав на некој начин да придонесам. Сите ја имавме таа желба“, признава Ева.

Слични содржини