Салах го прокоментира новиот договор со Ливерпул и гласините за Барса

од Vladimir Zorba

Голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој игра во исклучителна форма од почетокот на сезоната, го коментираше повтроно новиот договор со тимот од Мерсисајд, велејќи дека сака да остане на „Енфилд“. Сепак, Египјанецот призна дека е среќен поради гласините за интерес за него од Барселона. Засега, сепак, Салах претпочита да остане во Премиер лигата бидејќи смета дека тоа е најсилното првенство во светот.

„Веќе неколку пати кажав дека ако одлуката е на мене, сакам да останам во Ливерпул. Но, одлуката е во рацете на раководството и тие мора да одлучат за ова прашање. Нема проблем, но мораме да постигнеме договор за условите од договорот. Тоа зависи од нив. Финансиските параметри покажуваат колку клубот ве цени и дека е подготвен да направи се за да останете. Сепак, самата одлука не се заснова само на овие финансиски прашања. Има работи како амбицијата на тимот и тренерот и што сака да прави со тимот и играчите што ги има. Сите овие се важни прашања при донесување одлука“, изјави тој.

„Прочитав дека Чави бил заинтересиран да ме привлече. Ме радува фактот што за мене е заинтересиран тим како Барселона. Сепак, јас сум среќен во Ливерпул. Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Во моментов претпочитам да останам во Премиер лигата бидејќи ова е најсилното првенство“, додаде Салах за египетскиот телевизиски канал MBC Masr TV.

Слични содржини