Сали: Не е погрешно да следиме пример од соседна држава која успешно се справува со пандемијата

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Беким Сали уште еднаш потврди дека во земјава има протокол за лекување од Ковид-19.

-Не можеме да кажеме дека нема. Тој е воспоставен уште од почетокот кога се појави вуханскиот сој и постојано се апдејтира со појавата на нов сој, рече Сали во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Министерот информира дека во земјава знаеме само четири, додека во светот има околу 50 соеви.

-Протоколот подлежи на измени според потребите на нашите здравствени институции. Сметам дека не е погрешно да се следи примерот од соседна држава, која успешно се справува со пандемијата. Условно кажано, можеби сме мрзеливи да читаме еден протокол која има околу 35 страници и во него се детално е објаснето, вели Сали.

 

Слични содржини