Сали со апел: Лицата со коморбидитети да се вакцинираат

од Nikola Popovski

Не е доволен бројот на граѓаните што примиле прва доза, меѓутоа мал е и бројот на оние кои примиле трета доза, која е сигурна и безбедна, изјави министерот за здравство, Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање, после примопредавањето на првата пратка од донацијата вакцини Фајзер од Италија.

Тој информира дека првичните анализи на здравствените власти се дека третата доза е најсигурен и најбезбеден штитник досега за сите пациенти што починале, а имале коморбидитети.

-Немаме сеуште евидентирано починат кој примил трета доза, а имал хронички болести. Затоа апелирам до граѓаните кои имаат коморбидитети да се обратат до вакциналните пунктови и да се заштитат, потенцира Сали.

Слични содржини