Самер Финикс поднела тужба за развод од Кејси Афлек

од Vladimir Zorba

Самер Феникс, сопругата на актерот и носител на “Оскар” Кејси Афлек, официјално поднела барање за развод, откако двојката ја објави разделбата пред повеќе од една година, соопшти Контактмјузик.
Во судските документи Феникс  ги посочува како причина за раскинување на бракот високите разлики со нејзиниот сопруг. Феникс исто така сака заедничко старателство над нивните две деца, како и брачна алиментација.

Самер и Кејси се запознаваат во 1995 година покрај браќата, актерите Хоакин Феникс и Бен Афлек, кои во тоа време работат заедно.

Во 2003 година Самер Феникс и Кејси Афлек ја објавија свршувачката, а во 2006 година се венчаа. Двојката соопшти за “пријателската” разделба во март 2016 година, потсетува весникот.

Слични содржини