Санкции за 439 граѓани кои не носеле заштитни маски, 21 лице го прекршиле полицискиот час

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни информира дека во изминатото деноноќие констатирано е дека 21 лице не ја почитувале забраната за движење.

„Во текот на изминатото деноноќие (23/24.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19“, соопштија од полицијата.

Слични содржини