Сантос: Против Македонија играме за живот или смрт

од Nikola Popovski

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Фернандо Сантош денеска изјави дека селекцијата на Северна Македонија е добра екипа, но дека верува дека неговата селекција ќе победи и ќе се пласира на Светското првенство во Катар.

-Ќе направиме се за да се пласираме на Светското првенство. 11 милиони луѓе ќе бидат со нас на овој натпревар. Добро ја познаваме Македонија, која има добар тим и ќе мора да одговориме на нивната игра. Верувам дека ќе бидеме во Катар во ноември, рече Сантос на прес-конференција.

Според него, Северна Македонија заслужи да се најде во плеј-офот, бидејќи на последните пет натпревари на гостински терен загубила само еднаш, а три пати победла.

-Тие славеа против Ерменија, Италија и Германија. Ако не ги гледаме како тим, како целина, туку како поединци, ќе ризикуваме многу. Мораме да бидеме подготвени во секој момент, да најдеме одговор за нивниот низок блок и сјаен контранапад. Велат ова е меч на нивните животи, дека ќе гинат на теренот, но за нас исто е меч за живот или смрт. Мора да одговориме на ист начин кога станува збор за пожртвуваност и посветеност, а потоа со интензитет и креативност да дојдеме до победа. Целта ни е да бидеме во Катар, почнавме против Турција и тоа треба да го повториме утре, изјави португалскиот селектор.

Како што истакна, последниот натпревар што го одиграа македонските фудбалери не е вистинска слика за нив.

-Против Италија (1:0) беа во подредена улога, се играше еднонасочна, па моравме да ги анализираме натпреварите од претходно, да ги видиме вистинските квалитети. Македонија е одлична на гостински терен, ја победи Германија. Да не заборавиме дека „против Италија недостигаа двајца играчи, според мене Елиф Елмас е нивниот најдобар играч. Тој е квалитетен играч, кој заедно со (Енис) Барди диктира како игра тимот, заклучи Сантос.

Натпреварот меѓу Португалија и Македонија е закажан за вторник од 20:45 часот.

Слични содржини