Сара Џесика Паркер се прослави на екранот најмногу со улогата на Кери Бредшо во серијата “Сексот и градот” (1998-2004), но таа напорно се обидува да избега од овој лик повеќе од 10 години. За жал, сепак луѓето се уште ја поврзуваат со шармантната уредничка која размислува отворено за сексот и љубовта.400b7e05836c0c16355db0f4fbe24d91

“Луѓето не сфаќаат дека со Кери Бредшо сме радикално различни личности. Можеби затоа што изгледаме исто, живееме во ист град и одиме на слични места тие сметаат дека јас сум  се играла себе, но тоа не е така “, се пожали 50-годишната ѕвезда.

Паркер наскоро ќе се врати на малиот екран како продуцент и актерка на друга серија “Разведен”, потврдувајќи дека новата нејзина хероина е нејзина спротивност.

“Хероината е многу различна од мене. Бракот не е како мојот и таа реагира на начин на кој јас не би реагирала во многу ситуации. Покрај тоа, таа има финансиски проблеми, кои во оваа фаза јас ги немам “, изјави за списанието Wall Street Journal актерката.

Слични содржини