Сашо Мијалков отвора 25 обложувалници низ Македонија

од Ивана Рамаданова

Друштвото за приредување на игри на среќа Макс Бет, во чија сопственичка структура се наоѓа компанија во сопственост на семејството на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, почнува да формира мрежа на обложувалници во Скопје и други градови низ Македонија, откако пред половина година доби лиценца од владата за првата обложувалница, објави Фокус.

Според податоците од Централниот регистар, компанијата за коцкање и обложување моментално има регистрирано 25 подружници за приредување на игри на среќа, кои во најголем дел се наоѓаат во Скопје (Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров), но и во други градови, како Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево.

Притоа, управител на сите подружници е поранешниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Македонски шуми, Владимир Бахчоваковски, кој воедно фигурира и како малцински косопственик во компанијата со влог од 25.000 евра.

Како доминантни сопственици на македонската Макс Бет моментално се јавуваат истоимената српска компанија на Саша Марчета и домашната компанија Бест Веј Инвестмент, која е во сопственост на синот на Мијалков – Јордан Мијалков, чие учество во главнината на друштвото изнесува по идентични 237.500 евра.

Слични содржини